На банкарот осомничен за грабеж му се закануваат до пет години затвор

by fokus 13:18
13:18

На 40-годишниот банкар Б.С., кој е осомничен дека украл околу три милиони евра од „Тутунска банка“, му се заканува затворска казна до пет години затвор. Според соопштението на обвинителството, тој се гони за кривичното дело Затајување, по член 239 став 5, а во врска со ставовите 3 и 1 и со член 45 од Кривичниот законик.

Во член 239, став 5, се наведува: „Тој што противправно ќе присвои туѓ подвижен предмет што го нашол или до кој случајно дошол, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.

- Advertisements -

Повисоки казни се предвидени во ставовите 1 и 3, на кои се повикува обвинителството.
„(1)Тој што противправно за себе или за друг ќе присвои туѓ подвижен
предмет што му е доверен, ќе се казни со парична казна или со затвор до
три години.

(3)Ако делото од ставовите 1 и 2 го стори старател или лице на кое во
правното лице предметите му се доверени во врска со неговата работа, ќе
се казни со затвор од три месеци до пет години“, стои во Кривичниот законик.

Според информациите на МВР, приведениот е осомничен дека како вработен на работно место трезорист во Служба за трезорско работење (работа со готовина и депо во НЛБ Тутунска банка АД Скопје), искористувајќи згодна прилика и познавајки го процесот на работа, во време кога во трезорот имало намалена френкфеција на вработени лица, незабележан од никого во периодот 06 април до 10 април ги вадел парите.

Полицијата се уште нема информација каде се парите.

В.В.

Поврзани новости