На автобуската линија 15 ќе вози првиот електричен автобус во Скопје

by Fokus

 

Град Скопје склучи договор со фирмата „Чериот електрик бас““, со кој на автобуската линија со број 15 ќе сообраќа првиот електричен автобус во Скопје. Овој автобус ќе биде дел од јавниот превоз во пробен период од шест месеци, па што ќе се донесе одлука дали градот ќе набави вакви автобуси.

Автобусите на „Чериот електрик бас“ се по цена од 450 до 500 илјади евра, но имаат двојни придобивки во тоа што немаат никакви емисии на издувни гасови.


-За првпат по улиците на Скопје ќе вози ваков автобус. Станува збор за еко автобуси, енергетско ефикасни, за чија набавка во иднина ќе одлучиме. Градот Скопје во буџетот за 2018 година има испланирано 100 милиони денари за модернизација на автобускиот превоз“ – рече Шилегов.
 

Автобусот има капацитет од 85 патници и потрошувачката му е значително помала од автобусите кои возат на дизел. Електричниот автобус троши еден киловат на еден километар. Во случајот со 15-ка која дневно поминува 300 километри, со електричниот автобус ќе троши 21 евро за ден. Во споредба, автобусите на дизел зановаа километража трошат 121 евро на ден.Шилегов најави и дека автобуската линија со број 50 се враќа на старата рута и од утре ќе поминува повторно под ГТЦ.

М.В.

 

Поврзани новости