На 15 јануари ќе им се суди на обвинетите за „27 април“ кој не беа амнестирани

by fokus

На 15 јануари на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седнат 18-те обвинети во случајот „27 април“, кој не добија или воопшто не побараа амнестија. Во овој случај обвинети беа 33-ца, но 15 од нив се спасија од понатамошен кривичен прогон, откако нивните барања за амнестија беа прифатени.

Судскиот процес се наоѓа во завршна фаза и треба да продолжи со изнесување на завршни зборови. На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски и Јане Ченто и  Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнетсија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Поврзани новости