Денеска студено, со температури под нулата

by fokus

Времето денеска ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Дневните температури ќе се движат од -9 Целзиусови степени во Маврово, -6 во Крива Паланка, Берово и Битола -5, Охрид -4, Скопје и Кавадарци -1 и Дојран 1 степен.

Сончево и студено, со мала до умерена облачност е прогнозата за утре. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. И утре дневните температури главно ќе бидат под нулата, Скопје и Охрид -2, Маврово -9, Берово -5, Крива Паланка -4, Прилеп -3, Кавадарци 0 и Дoјран 2 степени.

Поврзани новости