На 14 септември, Врховниот суд ќе расправа за пресудата на Ѕвонко Костовски во случајот „Пуч“

by Fokus

Советот на Врховниот суд на 14 септември ќе расправа за барањето за заштита на законитоста кое Специјалното јавно обвинителство го поднесе за пресудата на Ѕвонко Костовски во случајот „Пуч“.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  поднесе барање за заштита на законитоста за овој случај на 06.10.2016 година. После повеќе писмени ургенции од страна на Врховниот суд на Република Македонија , Специјалното јавно обвинителство конечно ги достави списите од предметот на 13.07.2017 година. Советот на Врховниот суд на Република Македонија кој одлучува по овој предмет определи термин за седница на 14.09.2017 – се наведува во соопштнието од Врховниот суд.

Поврзани новости