Министерката Царовска упадна ненајавена на седница на битолскиот Совет

by Fokus

Министерката за труд и социјала Мила Царовска денеска ненајавена се појави на седницата на битолскиот Совет, каде што се расправаше за реферндум против отворање прифатни центри за населување на мигранти.

Таа уште еднаш објасни дека нема да се населуваат бегалци и дека ВМРО-ДПМНЕ лаже и шири ксенофобија.

„Ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив. Ние како Влада упатуваме советниците да се одговорни и одговорно да ја користат говорницата во општината. Нека кажат од ВМРО-ДПМНЕ со кој документ Владата се обврзала да потроши финансиски средства или направила проектни документи за изградба на станови – истакна Царовска.

Поврзани новости