МВР за тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

by irena 11:41
11:41

МВР го потврди настанот во Виница каде активист на ВМРО-ДПМНЕ претепал кандидат за советник од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

– На 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница. Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница. Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информираа утрово од МВР.

Хаотична состојба имаше во Виница вчера откако кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ претепа друг кандидат за советник од редовите на партијата на Шабан Салиу.

И.С. бил тешко повреден од Д.М., а во моментов лекарите се борат за да го спасат неговиот живот.

Ова е втор пат во рок од две недели Д.М. да го напаѓа И.С. кој неофицијално е во кома.

На видеото  поголема група на роднини и пријатели на И.С. и се закануваат на полицијата дека ќе ја запалат Виница доколку И.С. подлегне на повредите.

 

 

 

 

Слични вести