МВР: Велосипедистот е пуштен на домашно лекување

by fokus

Министерството за внатрешни работи потврди дека на семафорот пред ЕУ инфо центарот се случи сообраќајна несреќа меѓу полициско возило „Шкода Јети“ управувано полициски службеник и велосипедист.

„При незгодата велосипедистот В.Р. се здобил со телесни повреди, пренесен е во ГОБ ‘Свети Наум Охридски’, и по укажаната прва помош пуштен е на домашно лекување. СВР Скопје, заедно со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди работи на целосно расчистување на случајот“, соопштува МВР.

Поврзани новости