МВР со детали за пронајдениот куршум кај Таравари

by Fokus

МВР објави детали за куршумот, кој утрово беше пронајден пред влезната врата на градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Денеска (05.02.2024) во 09.34 часот, Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т.(50) во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри. Екипа од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење“ соопшти МВРР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани новости