МВР со детали за инцидентот во Чаир каде беше нападнат кошаркар

by Fokus

Синоќа се случи прекин на кошаркарскиот натпревар меѓу Чаир 2030 и Работнички, откако едно лице предизвика инцидент.

– Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Поврзани новости