МВР предупредува: Граѓаните да внимаваат на измами, не користиме електронска пошта за испраќање на покани

by Fokus

Лажни покани во врска со наводна тековна истрага се испратени до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на Министерството за внатрешни работи, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, информираат од МВР.

– Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат граѓаните воопшто да не ги отвораат овие електронски пораки.

Поврзани новости