МВР потврди дека пукачите во „Ист Гејт“ биле со „Ауди“ – пукале, но не го погодиле Штекли

by fokus

Министерството за внатрешни работи излезе со официјални информации за пукањето што се случи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје.

Пукање на паркингот во „Ист Гејт“, неофицијално мета бил екстрадиран бегалец

Според информациите од таму, пукањето се случило нешто пред 16 часот во гаражите на трговскиот центар во Скопје.

-Едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото од кое се пукало, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, соопшти МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Фокус“ објави дека кон Раде Трајковски – Штекли било пукано со пиштоли со пригушувачи и автоматска пушка, но Трајковски не е повреден. Според нашите информации возилото е запалено и најдено во Горно Грчец.

На лице место била најдена една чаура.

Маскирани лица со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Штекли – возилото е најдено запалено

Ф.Ф.С.

Поврзани новости