МВР: Никогаш повторно нема да бидеме МВРО-ВМРО

by Фокус

МВР ќе продолжи енергично да работи на откривање на криминалот и никогаш веќе нема да биде партиска филијала, реагира Министерството за внатрешни работи на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени до кои беа упатени отворените закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат со истата енергичност и посветеност да работат на откривање на криминалите кои во последниве години целосно го уништија кредибилитетот на сите државни институции, вклучително и на Министертвото за внатрешни работи. Министерот Оливер Спасовски ги охрабрува сите вработени во министертвото да продолжат да си ги извршуваат своите работни обврски и задачи, професионално и согласно законите. МВР веќе не е и нема никогаш повторно да биде МВРО-ВМРО, се вели во реакцијата.

Од МВР додаваат дека соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно покажало дека декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски ги направило нервозни оние кои биле навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала.

Поврзани новости