ВМРО-ДПМНЕ: Јасно е дека нема фантомски гласачи

by Фокус

Во реакцијата на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, ВМРО-ДПМНЕ вели дека како меур од сапуница се распрскала големата лага со која СДСМ две години ги уценувавала граѓаните и ја држела во заложништво цела држава.

-Денес на сите во Република Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета нивните екс-функционери Јани Макрадули, Гордан Георгиев и Благој Ханџиски, поранешниот претседател на СДММ Дарко Давитковски, сестрата на најпоразуваниот политичар во Македонија Радмила Шекеринска, невладината балерина на СДСМ Мирјана Најчевска, балансираните новинари Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, Фиат и Сефер Цаноски, сестрата и внукот на Катица Јанева – Лиле и Ѓорге Делиџакови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачата партија велат дека фантомски гласачи немало ниту на претходните изборни циклуси.

Поврзани новости