МВР: Неаргументираните обвинувања од Милошоски се апсурдни и неточни

by fokus

Неоснованите наводи изнесени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција за некакви и со ништо неаргументирани притисоци и закани врз гласачите, наводно и од страна на МВР, се апсурдни и неточни, реагираат од МВР на прес конференцијата на Антонијо Милошоски.

-Министерството за внатрешни работи е институција на сите граѓани на Република Македонија, и нејзиното функционирање, како и професионалниот однос кон работата на секој припадник на министерството се исклучиво – согласно Уставот и законите за внатрешни работи и за полиција. Политичките квалификативи со кои г-динот Милошоски сака да ја „идентификува“ полицијата, Министерството за внатрешни работи одбива да ги коментира, без оглед што се штетни по интегритетот на секој вработен во оваа институција, за самата институција и за избирачкиот процес во целина. МВР, како што и е познато на јавноста, реагираше и превзеде мерки и активности не само по однос на сите пристигнати пријави во текот на првиот изборен круг од локалните избори, туку, истовремено, со својот професионален и стриктно законски основан ангажман придонесе за одржување на мирни и слободни, демократски избори, според оценките на сите релеватни домашни и странски институции и организации, се вели во реакцијата на МВР.

Поврзани новости