МВР на Србија: Владата во Тирана знаела за леталото, дронот конечно пронајден

by Фокус

Во очекување на одлуката на УЕФА за инцидентот на стадионот во Белград не стивнуваат реакциите. Српските истражители имаат отворено истрага и се фокусирани да откријат кои лица го активирале леталото кон стадионот. Паралелно се води политичката вербална војна межу Белград и Тирана.

StefanovicМинистерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави утринава изјави дека политичките авторитети во Албанија знаеле дека нивните навивачи ке предизвикаат инцидент.

„Планот им бил да предизвикаат немири на стадионот, а изјавите на челниците на албанската Влада укажуваат дека сите знаеле каква провокација се подготвува бидејќи тие во целост го оправдуваат однесувањето на сите лица кои во тоа учествувале. Ако Албанија смета на европски вредности, врадности на т.н. голема Албанија, тогаш Србија по никоја цена не може да ги споделува, бидејќи сметам дека тие не се доволно зрела држава да се приклучат на европското семејство“ – нагласува Стефановиќ.

Тој откри дека е пронајдено леталото со кое знамето со слика на голема Албанија беше спуштено на стадионот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија и оти истрагата покажува дека планот на албанската страна бил да се предизвикаат нереди. Тој истакна дека сите факти во истрагата укажуваат дека виновник е албанската страна која со тоа сакала да ги испровоцира српските навивачи.

Дронот ќе биде испратен на вештачење за да се одреди производителот, каде е и како купен. Веќе е утврдено од каде полетал и по која траекторија се движел пред да почне да го спушта знамето кон играчите на теренот. Српските истражни органи ќе формираат досие за целиот случај, а какви мерки ќе преземат за сега е неизвесно.

Колку ќе имаат можност српските власти нешто повеќе да преземат кога се знае дека сите гости од Албанија отпатувале назад.

Откако настанаа нередите на стадионот, а натпреварот беше прекинат, еден од албанските фудбалери го сокрил знамето, а потоа завршило кај делагтот на мечот. Ова за српските медиуми го потврдил Миладин Деспотовиќ, началник на полицијата во Белград. Тој лично смета дека братот на албанскиот премиер, Олси Рама, управувал со леталото.

„Не можам да ја кажам точната локација од каде е пуштен дронот, тоа што за нас е поважно е да ги откриеме тие што го активирале“- изјавил Деспотовиќ.

Колку повеќе Србите ја насочуваат одговорноста кон Албанците, толку во Тирана се заострува реториката и се величи потегот на албанските фудбалери кои потрчаа да го спасат знамето, откако прво го дофати еден српски фудбалер.

dronBlic1

Поврзани новости