МВР: ДПМНЕ не може да прифати дека МВР веќе не е МВРО

by Фокус

Министерството за внатрешни работи ги отфрла недоличните инсинуации изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Неуспешниот обид за манипулација на кандидатите за полицајци во МВР уште еднаш покажа дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати фактот дека МВР веќе не е МВРО.

– Министерот Спасовски во врска со кандидатите кои ја поминаа обуката за полицајци во претходниот период покажа дека нема намера да ги манипулира и злоупотребува како што тоа се правело во минатото и искрено и енергично се бореше да бидат примени сите 434 кандидати кои ја поминаа обуката, а исто така им излезе во пресрет на нивните молби да бидат распоредени во полициските станици најблиску до нивното место на живеење. И покрај тоа што беше повеќе од јасно дека младите кандидати за полицајци некој се обидел да ги изманипулира, дезинформира и искористи како марионети во своите валкани политички игри, истите беа денеска, во неработен ден, примени од министерот Спасовски и им беа изнесени причините за застојот во потпишувањето на нивните договори, кои во оваа држава им се познати на сите освен на оние кои се причинители за таквите состојби – се наведува во соопштението.

Од таму велат дека кандидатите за полицајци ги прифатиле фактите кои им ги предочил министерот Спасовски и заедно се согласиле дека овој проблем ќе биде решен во најскоро време, односно веднаш штом за тоа ќе се создадат законски услови.

 

Поврзани новости