Екстракти од канабис во аптеките до крајот на мај

by Фокус 15:07
15:07

До Агенцијата за лекови и медицински средства поднесени се две барања за увоз на суровина од која ќе бидат произведувани препарати на база на канабис. Тие се одобрени и очекуваме суровината за производство да биде во Македонија до крајот на следната недела, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој информира дека дека до Агенцијата за лекови и медицински средства поденесено е и едно барање од правно лице или, како што рече, сериозна фармацевтска компанија за добивање дозвола за производство на екстракти од коноп.

- Advertising -

– По проверка на исполнетоста на условите и стандардите следи стекнување лиценца за производство. Доколку целата процедура е во ред, очекуваме првите проверени и контролирани производи на база на коноп во аптеките да ги имаме до крајот на мај годинава. Односно, до крајот на мај овие производи да станат достапни за сите пациенти во Република Македонија – рече Тодоров.

Според него, со ова се овозможува производство, промет, поседување и употреба на канабис, екстракт и тинктура на канабис, согласно условите пропишани во истиот Законот.

– Со тоа се создадоа реални услови за легално ставање во промет безбедни и квалитетни препарати на база на канабис за точно дефинирани и препишани медицински индикации, како и полесна достапност до овие препарати преку легален увоз и легално производство – рече Тодоров.

 

Поврзани новости