СДСМ: Џерси е нов обид да фамилијата за спас на криминално стекнатите пари

by Фокус 16:41
16:41

Од сите земји во светот со кои Македонија може да има, а нема економска соработка и среде политичка криза, за соработниците на Никола Груевски во техничката влада задолжена за организација и спроведување избори меѓу врвните приоритети е островот Џерси, реагираат од опозицискиот СДСМ.

Според нив, Груевски потрошил милиони евра пари на граѓаните за роуд шоуа, ама врти – сучи, договорите најдобро му одат со „непосетените“ рајски земји.

Рајски градини, рајски острови, рајски земји, што и да е, само даночен рај да е. Подготовката на терен, што го потврди вчера Владата, за соработка со островот Џерси, држава позната како даночен рај поради одбегнувањето на двојното оданочување, е обид на фамилијата да отвори уште еден канал за одлевање на криминално стекнатите пари. Панама, Белизе, Лугано, Џерси… нема да ги сокријат украдените пари на граѓаните. Идната одговорна власт што ќе ја предводи СДСМ предвидува обврска секоја фирма да каже кои се вистинските сопственици, а по примерот на земјите од ЕУ ќе има законско запленување имот стекнат на криминален или корупциски начин, веднаш по правосилна пресуда. Парите ќе бидат вратени на граѓаните – велат од партијата.

Поврзани новости