Муцунски: Со Преспанскиот договор и покажавме на Бугарија дека сме попустливи

by Фокус

Со откажувањето на националните малцинства во Грција со Преспанскиот договор, ние сме создале основа на Бугарија дека имаме пракса на попустлива надворешна политика и дека нашата влада има подготвеност да преговара за се, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на ТВ 24.

-Видовме денес една апстрактна изјава од премиерот дека Македонија не преговара за јазикот и идентитетот. Овој спор којшто е наметнат од Бугарија и кој е нерационален, неразумен и навредлив има 4 аспекти – јазикот, идентитетот, историјата и заштитата на националните малцинства – рече Муцунски.

Поврзани новости