Две жени загинаа во ракетен напад на Хамас врз Тел Авив, Нетанјаху најави контраофанзива

by Фокус

Властите на Хамас соопштија дека испукале 130 ракети кон Тел Авив, откако претходно палестинската организација се закани дека ќе го ракетира Тел Авив доколку продолжат ударите врз Газа.

Откако две израелски жени беа убиени, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска предупреди дека неговата земја ќе ги засили нападите врз исламистичките владетели од Хамас во Газа.

-Армијата од вчера изврши стотици напади врз Хамас и Исламски џихад во Газа и ние дополнително ќе ја зголемиме силата на нашите напади – рече Нетанјаху во видео-обраќање објавено од неговиот кабинет, додавајќи дека Хамас „ќе биде погоден на начини што не ги очекува“.

Поврзани новости