Собранието усвои Закон за легализација на сите дивоградби, но со 50 отсто поскапи комуналии

by fokus

Со поддршка на поголем број пратеници од власта и од опозицијата, Собранието денеска го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Со овој Закон, меѓу другото, се овозможува легализација на бесправно изградени објекти изградени до денес, со тоа што треба да се платат 50 отсто поскапи комуналии.

Поточно, се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Законот вклучува објекти, гаражи, остави и базени изградени без дозвола за градба, дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.

Но, од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство, како и дивоизградените згради.

Поврзани новости