Муцунски: Не мора како Израел, но би сакал да сме на степен на вакцинација приближно како Србија

by Fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостувањето во утринската емисија Добро утро, секое утро, на ТВ Алфа, говореше за процесот на вакцинација во Македонија, но и претстојниот попис, кој е планиран да се одржи за еден месец.

„Тоа што е најважно во овој момент е временскиот период во кој ќе се спроведува овој попис. Ние за жал не би сакал тоа да е реалноста, би сакал Македонија да биде со степен на вакцинација не мора како Израел, но да биде приближно како Србија, но за жал во овој момент гледаме дека ние се уште немаме вакцинирано ниту 2.000 здравствени работници, а нема во доглед пристигнување на некои поголем дотур на вакцини, а истовремено планираме да спроведеме една масовна мобилизација и операција која што ќе вклучува повеќе од 25.000 попишувачи кои ќе треба да посетуваат различни домаќинства во нашата држава“, вели Муцунски.

Поврзани новости