Рочиштето за „Титаник“ одложено за 17 март поради изолација на судијата Огнен Ставрев

by Fokus

Поради изолација на членот на Судечкиот совет, Огнен Ставрев, кој имал контакти со лица позитивни на Ковид-19, за денеска најавеното рочиште за предметот „Титаник“ е одложи за 17 март.

Рочиштето треба да продолжи со искази на неколку сведоци.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Поврзани новости