Муцунски: Македонија е земја со распространета корупција

by Fokus

Извештајот на американскиот Стејт Департмент за инвеститициската клима во Република Македонија за жал го потврдува она што веќе подолг временски период го забележуваат голем број меѓународни владини и невладини организации, а тоа е дека – Македонија е земја со распространета корупција и земја која создава непредвидливи услови за странски инвестиции, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

– Дополнителен доказ во прилог на искажаните аргументи е и фактот дека во овој собраниски состав кој наскоро ги заокружува активностите од првата година од својот мандат, Владата не понуди ниту еден суштински закон кој на преден план ја има реформата на правосудството и администрацијата. Наведените аргументи упатуваат на едноставниот заклучок дека брзите промени се неопходни, бидејќи без опипливи реформи, без создавање на подобри и предвидливи услови за деловната заедница и обезбедување на поквалитетни и подобро платени нови работни места за нашите граѓани нема да има ниту видливи економски резултати и одржлив економски развој, порача Муцунски.

Поврзани новости