Муцунски: ЕУ мора да ни е приоритет, но не смееме да се откажеме од историјата

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски порача дека треба да се воспостави национална европска стратегија со цел земјава да биде подготвена доколку се случи најлошото сценарио да нема датум за преговори со ЕУ поради бугарските ставови.

-Треба да имаме агенда за усогласување на нашето законодавство и да продолжиме со реформи, треба да имаме самофокус. Сите сакаме членство во ЕУ, ама како да не го разбираат сите тоа. Факт е дека нас ни треба консензус и агенда. Како на пример тоа е да се погледнеме и да кажеме нема реформи во правосудство, потоа има корупција, не можеме да организираме попис. Треба да ја реформираме Македонија поради нас и мора да е ЕУ приоритет, но не не смееме да потпишеме било каков документ кој не негира, не смееме да се откажеме од историјата – рече Муцунски.

Тој истакна дека оваа Влада направи чекор кој не го направила ниту една една друга влада во однос на промена на уставното име спротивно волјата на народот.

Поврзани новости