Мукаетов останува на чело на РФМ и наредните четири години

by fokus 22:29
22:29

Живко Мукаетов доби нов четиригодишен мандат како прв човек на Ракометната федерација на Македонија. Директорот на компанијата „Алкалоид“ едногласно ја добил довербата на денешното редовно собрание на федерацијата.

Од можни 40 делегати, присутни со уредни полномоштва беа 37 делегати со право на глас, а сите едногласно му доделија нов четиригодишен мандат.

- Advertisements -

Веднаш по реизборот на Мукаетов беше предложен и прифатен новиот состав на Управниот одбор (УО) на РФМ. Член во него, во наредниот период, ќе биде и поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски.

 

Поврзани новости