Oтфрлена пријавата против градоначалникот Тоневски, нема докази за обид за силување

by fokus 20:47
20:47

Oбвинителството од  Пробиштип ја отфрли кривичната пријава за обид за силување против градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, што беше поднесена пред околу еден месец.

Oд обвинителството за ТВ4 велат дека не нашле доволно елементи за сторено кривично дело.

- Advertisements -

Кривичната пријава против градоначалникот беше поднесена од вработена во општината, која тврди дека тој се обидел да ја силува. Тоневски ги демантираше овие обвинувања, тврдејќи дека таков настан не се случил и дека се работи за исконструиран случај.

Поврзани новости