Над 20 невладини најавија тужби за „Стоп операција Сорос”

by fokus

Невладини организации кои биле финансирани преку Фондацијата Институт отворено општество, остро ги осудија нападите од членовите на  „Стоп операција Сорос“” и побараа јавно извинување.

Тие ги отфрлаат тврдењата на „Стоп операција Сорос“ дека работат да ја дестабилизираат државата, а нападите против нив, велат се со цел да го замолчат граѓанското општество.

Доколку во рок од седум дена не добијат јавно извинување, најавија дека ќе поднесат тужби за, како што велат, сите навреди и клевети кои биле изречени против нив од оваа иницијатива.

Инаку, иницијативата „Стоп операција Сорос” беше формирана на почетокот на годинава,непосредно по прогласот на Никола Груевски во кој најави „десоросоизација” на државата.

Поврзани новости