MTВ емитуваше филм за Ќосето

by fokus

За време на изборен молк, ден пред предвремените парламентарни избори, на програмата на јавниот сервис, вчера се најде документарец за контроверзниот Андон Лазов Јанев- Ќосето. Насловот на документарецот е „Каде со добро, каде со нож!“

Револуционерниот атентатор се најде на екраните по настапот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој во текот на изборната кампања, отворено му се закани на неговиот ривал Зоран Заев, дека него Ќосето би го решил на негов начин, со ликвидација.

Ќосето, револуционер кој прекарот го добил токму поради извршените атентати, има и голем споменик пред судот во Скопје.

Поврзани новости