Можно укинување на К-15, следната недела преговори

by Фокус 20:48
20:48

Откако Организацијата на работодавачи побара да се укине обврската за исплаќање на регрес за годишен одмор или К-15, денеска тоа го стори и Комората на северозападна Македонија. Тие велат дека во ваква криза не може да се наметнува таква обврска за компаниите.

Следната недела работодавачите и синдикатите ќе започнат преговори за измена на општиот колективен договор за приватниот сектор. Како опција ќе биде понудено исплаќање на К-15 само доколку компанијата има пари.

- Advertisements -

Претходно, претседател на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров за весникот Вест изјави дека многу компании имале финансиски тешкотии за исплата на К-15, а дел од нив ги скратиле платите за да исплатат регрес или земале кредити.

Претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски рече дека исплата на К-15 стои во општиот колективен договор, но за модалитетите можело да се зборува.

Поврзани новости