Дискусија пред Влада – „Жените не се машини за раѓање деца“

by Фокус 10:05
10:05

„Жените не се машини за раѓање!“ е насловена дискусијата која ќе се одржи денеска во кампот пред Владата, на 19-тиот ден од неговото поставување.

Како учесници на дискусијата се најавени Дамјан Здравев, извршен директор на Реактор-истражување во акција, Љатифа Шиковска, граѓанска активистка за унапредување на правата на ромската заедница, Магдалена Несторовска, координаторка на Советничка група на СДСМ во Општина Каропш, Драшко Костовски, програмски директор на ХЕРА и Радмила Шекеринска, заменик-претседателка на СДСМ.

- Advertisements -

Модераторка ќе биде Маринела Маричиќ – Тушева од СДСМ.

Голем број граѓани и активисти веќе 19 дена спијат во шатори пред владината зграда во „Кампот на слободата“, со барање за оставка на актуелната и формирање преодна Влада која ќе ги организира следните избори во земјава. Со истото барање вчера беше одржан и протестен марш со кој здружението „Граѓаните за Македонија“ и опозиските партии побараа демократијата да им се врати на граѓаните.

 

Поврзани новости