МОСТ: Злоупотребени 47 гласа при семејно и групно гласање во Долнени

by fokus

Вкупно 47 гласа се злоупотребени преку семејно и групно гласање во Општина Долнени, велат од МОСТ. Во пресекот на настаните од избирачките места до 12 часот, набљудувачите на МОСТ јавуваат за неколку евидентирани неправилности.

Во селото Дебриште во Долнени се забележани 9 случаи на семејно гласање при што се злоупотребени 27 гласа. Дополнително, на ова место се забележани 2 случаи во кои лицата кои им асистирале на гласачите, кои не можеле да гласаат сами, не биле заведени во Дневникот од избирачкото место.

Во село Лажани исто така Долнени, пак се забележани 9 случаи на групно гласање во кои се злоупотребени 20 гласови.

Во село Видовиште, општина Зрновци, три гласачи биле обележани на левата, наместо на десната рака, додека во општина Шуто Оризари, забележано е неовластено лице кое агитирало во гласачкото место.

Како што извести и МВР во Пробиштип и Шуто Оризари е забележано фотографирање на гласачките ливчиња.

 

Поврзани новости