МОСТ бара ДИК усвојување на извештајот од вкрстените податоци на јавна седница

by Фокус

Невладината МОСТ бара Државната изборна комисијa да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки онака како што тој е изработен и доставен од експертите, односно без никакви дополнителни интервенции, а неговото усвојување треба да се одвива на јавна седница.

„Планот за вкрстената проверка на податоците во избирачкиот список го направија експерти, а го донесе ДИК, врз основа на методологијата за водење и ажурирање на избирачкиот список одобрена од четирите политички партии. Оттаму, дополнително, комисијата треба веднаш да ги објави критериумите, односно тест-прашањата за спроведувањето на дополнителните проверки кои го менуваат првично донесениот план, како и резултатите кои се очекуваат од нив“, бараат од оваа организација.

ДИК денеска ги оцени како шпекулација информациите кои излегоа во медиумите дека речиси половина милион гласачи се сомнителни, односно ги нема во ниту една или само една од десетте бази на податоци на државните институции.

 

Поврзани новости