Прокредит банка отвори нова експозитура во Гевгелија

by Фокус

Прокредит банка вчера свечено ја отвори својата новата модерна експозитура во Гевгелија, која нуди автоматизирани услуги за претпријатијата и граѓаните од гевгелискиот регион, преку зона 24/7 која работи секој ден, викенди и празници, како и советодавни и останати банкарски услуги во работното време на советниците за клиенти на банката.

Свеченото отварање беше проследено со говор од директорот на бизнис-секторот Стевче Кузмановски и почесни говори од Ханс Хелге Сандер, заменик амбасадор на Германија и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

– Важиме за најдинамична и модерна банка во Македонија, зад која стои 100 отсто германски капитал и 100 отсто сигурност и стабилност. Први на Македонскиот пазар воведовме модерно и практично банкарство достапно за Вас 24 часа на ден. Веруваме дека ќе бидеме партнер за вас и вашиот Бизнис и ќе градиме цврста и долгогодишна соработка со сите вас тука во Гевгелија и околината – изјави Кузмановски.

Поврзани новости