Москва и Киев на половина пат, има согласност за неутрален статус

by Фокус

Москва и Киев постигнаа одреден напредок во тековните разговори, приближувајќи ги своите позиции за потенцијалниот статус на Украина „најмногу што е можно“, изјави денеска шефот на руската делегација Владимир Медински.

-Темата за неутрален статус и непристапување на Украина во НАТО е едно од клучните прашања на преговорите. Ова е прашање за кое страните ги приближија своите позиции – изјави Медински.

Меѓутоа, додаде тој, други прашања, односно руските барања за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина, остануваат предмет на дебата.

-Делегациите се на само „половина пат“ да најдат заеднички основи за „демилитаризацијата“ – рече Медински, истакнувајќи дека додека ситуацијата со „денацификацијата“ останува „прилично чудна“.

Тој посочи и дека е можна средбата меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, но, според него, откако преговарачите ќе го финализираат нацрт-договорот за прекин на воените дејствија и кога ќе биде одобрен од владите на двете земји.

Поврзани новости