Моментално 694 пациенти се лекуваат во ковид-центрите

by Фокус
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Како што соопштија од Министерството за здравство, во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694.
Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти, во болницата во Штип 57 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 47 пациенти, во Велес 71 болен итн.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости