Момче се удави во Охридското Езеро откако скокнало од педалинка

by fokus

Едно момче денеска се удавило во водите на Охридското Езеро кај населбата Далјан.Несреќата се случила околу 13:30 и 14 часот во близина на поранешниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан. Се уште не е утврден идентитетот на момчето, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

-Пред некое време заврши увидот на местото на настанот во присуство на јавен обвинител и крим техника при СРВ Охрид, изјави Димоски и најави повеќе информации за утрешниот ден.

Неофицијално, момчето скокнало од педалинка, но не испливало на површина. Потрагата по него била неуспешна, а по четири минути дошла и езерската полиција која потоа го пронашла безживотното тело.

Поврзани новости