Поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, се огласи поради вчерашното приведување на распит и обвиненијата што против неа ги поднесе Европското јавно обвинителство.
Во својата изјава, таа повторно нагласи дека не се чувствува виновна.
– Имам целосна доверба во судскиот систем и убедена сум дека законитоста на постапките на Колеџот ќе биде потврдена – наведе Могерини во соопштението објавено од прес-службата на елитниот универзитет во Бриж, Белгија, каде што таа е ректор.
Во врска со истрагата за основањето на Дипломатската академија на ЕУ, Могерини вчера детално го образложила својот став пред истражителите. Таа посочи дека ќе продолжи да соработува со надлежните институции, верувајќи дека исправноста на работата на Колеџот на Европа ќе биде потврдена пред суд.
Могерини, заедно со уште двајца високи италијански функционери, се соочува со обвиненија за измама, корупција, конфликт на интереси и оддавање професионална тајна, поврзани со доделувањето на програмата за обука на млади дипломати на Колеџот на Европа.