Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина

by fokus

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи порача дека утрово министрите ќе го поздрават историскиот успех што постигнаа двете страни со Преспанскиот договор.

Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, посочи Могерини пред почетокот на состанокот.

-Мислам дека сите ќе бидат среќни што ќе можеме да започнеме со нешто постигнато после толку работа, благодарение на импресивното лидерство, храброст и одлучност на лидерите и на народите на двете земји, изјави шефицата на европската дипломатија.

Поврзани новости