Каракамишева: Кој ќе го спречи Заев да полни кутии на претседателските избори?

by fokus

Прогнозира ли професорката по уставно право, Тања Каракамишева, неуспех на претседателските избори за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска? На својот твитер акаунт таа тврди дека СДСМ ќе се обиде да ги „украде“ изборите со полнење кутии.

„Заев има одврзани раце од меѓунар. да прави што сака со држ.,така? Сите гледаме како СЕ му проаѓа.Не ферма ни Устав, ни закон,никој за ништо му нема преречено. Ја прашувам опозицијата, КОЈ ЌЕ ГО СПРЕЧИ ЗАЕВ да си полни кутии на ПИ? КОЈ? Вашите набљудувачи? Вашите чл.во избор.органи?

И Заев ја научи лекцијата од референдумот.Нема да ја повтори пак да почне со полнење кутии во 17 ч. Сега ќе си фати по со време, од 7-19ч, полека натенане. И кој ќе докажува дека има полнење? Фрч како викаше вие пикнете ги патриотите во затвор, они нека докажуваат дека се невини!“, напиша Каракамишева во два последователни твита.

Поврзани новости