Модриќ на удар на фановите на Реал, гласал за Меси за наградата The Best

by Fokus

Лионел Меси е прогласен за најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА. Во тесната трка за наградата The Best, тој славеше пред Ерлинг Халанд, кој освои исто толку поени како и Меси.

Победникот беше решен со гласовите на капитените, а Аргентинецот доби повеќе од нив. Меѓу нив беше гласот на хрватскиот капитен Лука Модриќ кој поради ова беше нападнат од навивачите на Реал на социјалните мрежи.

Модриќ меѓу најдобрите светски играчи го вклучи сонародникот и соиграч од хрватската репрезентација Марсело Брозовиќ, со што се најде на третото место. На второто место на неговата листа е Родри, додека за најдобар го прогласи Меси.

Меси, денес член на тимот на Интер Мајами кој се натпреварува во МЛС-лигата, беше најсветлата ѕвезда на Барселона, која постојано го спречуваше Реал во походот по титули. Против Реал одигра 47 натпревари, од кои 20 победи со Барса, 11 пати ремизираше и 16 загуби. Неговиот учинок на натпреварите против Реал е 26 гола и 14 асистенции.

Модриќ му го даде својот глас на Меси како капитен на хрватската репрезентација, а истото го направи и Федерико Валверде, како капитен на уругвајската репрезентација.

И двајцата беа нападнати од навивачите. Некои одат дотаму што повикуваат Модриќ да си замине од клубот.

Поврзани новости