МНР: Посетата на Ахмети на Атина е партиска

by Фокус

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, вицепремиерот за Рамковен договор, Муса Џафери, и вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, на средбата со шефот на грчката дипломатија не одат во својство на владини претставници, соопштија од Министерството за надворешни работи, а пренесе Мета.

Според Министерствто за надворешни работи, станува збор за партиска средба, а владиниот коалициски партнер не се координирал со нив во врска со темите за разговор на средбата.

Од ДУИ денеска соопштија дека нивниот лидер на 8 јануари во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надврешни работи, а тема на разговор ќе бидат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија.

Поврзани новости