Али Ахмети побарал средба со грчкиот министер за надворешни работи

by Фокус 17:51
17:51

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ќе оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Средбата, која е на барање на Ахмети, ќе се одржи во Атина.

Од ДУИ денеска соопштија дека на 8 јануари во Атина претседателот на партијата Али Ахмети и пратеник, заедно со министрите од оваа партија Фатмир Бесими и Муса Џафери и пратеникот Артан Груби, ќе се сретнат со Коѕиас.

- Advertising -
"

Според ДУИ, Ахмети и Коѕиас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија.

Поврзани новости