И Словачка ќе испрати полицајци во Македонија

by Фокус

По Унгарија, и словачката Влада донесе одлука за испраќање на 25 полицајци на македонско-грчката граница. Словачките полицајци ќе им помагаат на македонските колеги при справувањето со напливот на бегалци и при нивна регистрација.

-Словачката Влада, која идната недела ќе го одобри испраќањето на полициски службеници во Македонија од февруари, веројатно ќе ја продолжи и мисијата од 20 лица во Словенија, рече словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој додаде дека Словачка е подготвена да им помогне на сите земји на билатерално ниво како дел од меѓународната соработка. Фицо нагласи и дека се загрижени што ќе се случува на пролет кога ОН проценија дека приливот на бегалци ќе биде поголем од досегашниот. Инаку, Словачка веќе испрати и  50 претставници на безбедносните сили во Унгарија.

Поврзани новости