МНР го осуди палењето на бугарското знаме, ВМРО негира дека стои зад настанот

by Фокус

Откако денес беше објавени видео од палење на бугарското знаме, ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека стојат зад овој чин, иако видеото беше објавено од канал насловен како ВМРО-ДПМНЕ УМС Гази Баба. Станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта, обвини ДПМНЕ.

„Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој фб канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед“, соопштија од партијата.

Министерството за надворешни работи ја осуди денешната објава на видеото на социјалните мрежи, оценувајќи дека е евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави.

„Министерството додава и дека на најкатегоричен начин го осудува секој чин на сквернавење на чии било националните симболи, вклучувајќи ги и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји“, истакнаа од МНР. 

Поврзани новости