Фудбалскиот репрезентативец Стефан Ристовски позитивен на ковид

by Фокус

Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на португалски Спортинг Лисабон Стефан Ристовски денеска објави дека е позитивен на Ковид 19. Тој посочи дека и членовите на неговото семејство имаат позитивен тест на вирусот, па сега ќе мора да бидат во изолација.

„Ковид позитивно семејство… Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете сигурни и здрави“, порача Ристовски.

Инаку, тој пред 24 часа бекот играше меч за Македонија на Кипар против Ерменија.

Поврзани новости