Тошковски-Давкова: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Вила Водно имаше срдечна средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, на која тој најпрво и ја честиташе победата и воедно и посака да има успешен мандат во кој ќе биде заштитник на државните интереси.

„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани.“, потенцираше министерот Тошковски.

Поврзани новости