Многу од младите Македонци се уморни од чекање за европска иднина и затоа ја напуштаат земјата, вели Сиљановска-Давкова

by irena 17:03
17:03

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади. Истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите.

– Затоа Обединетите нации ја усвоија Светската програма за акција за млади. Денес, додека ја одбележуваме оваа годишнина, ги признаваме и успесите и недостатоците. Многу е направено, но, исто така, многу останува да се направи.

Според неа, младите како бунтовници со причина и трагачи по вистината, отсекогаш биле носители на промените.

– Доаѓам од мала, континентнална европска држава. Дваесет години чекаме да станеме членка на Европската Унија. Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина и затоа ја напуштаат земјата. Ова важи за поголемиот дел од земјите од Западниот Балкан. За мали држави како нашата, статистиката не е апстракција, рече Сиљановска – Давкова.

За да се сменат работите, таа смета дека ангажманот на младите не смее да биде само симболичен, туку суштинско учество во процесите на одлучување.

Слични вести