Младо лице донесено во болница со прострелна рана: во него пукале кај поликлиниката Бит пазар

by Fokus

На 07.02.2024 околу 13.00 часот од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П.(24) со прострелна рана во ногата.

Според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукал Р.Ш..

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости